Филип Лам сериозно размислува да се врати на фудбалските терени откако долгогодишниот германски репрезентативец не се снашол најдобро во раните пензионерски денови. Лам ја заврши кариерата на крајот од ланската сезона, но извори блиски до дефанзивецот тврдат дека тој сериозно ја разгледува опцијата за камбек на терените, сметајќи дека може да игра на високо ниво уште најмалку една сезона.
Интересно, опција за Филип Лам воопшто не е Баерн Минхен, тимот со кој освои се што можеше да освои, туку екс-репрезентативецот на Германија добил две понуди од Хамбург, едната од Хамбургер, втората од второлигашот Сент Паули.
„Сакам да направам голем трансфер, верувам дека сум на добар пат“ – изјави директорот на Сент Паули, Андреас Ретинг, кој веќе ја испратил понудата до 33-годишниот Лам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА