Поранешниот капитен на германската репрезентација и сегашен претседател на Организацискиот одбор на ЕВРО 2024 Филип Лам, во текот на претставување на логото на ЕП, се спротивстави на идејата Светските првенства да се одржуваат на секои две години.
„Уверен сум дека ритамот на натпреварувања мора да се задржи како сега. Како играч тој ритам ми беше одличен, а како навивач ми одговара Светското првенство да се одржува секои две години“, кажа Лам.
Меѓународната фудбалска федерација ФИФА изнесе идеја од 2028 година, Мундијалите да се одржуваат на секои две години, а тоа наиде на многу негативни реакции, особено од Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА