Филип Лазаров и дефинитивно својата кариера ја продолжува во дресот на Бешикташ, откако македонскиот репрезентативец денеска ги мина лекарските прегледи во Истанбул и го стави својот потпис на договорот со актуелниот првак на Турција.
Левиот бек ја почна сезонава во дресот на Пелистер, но неисполнетите ветувања од управата придонесоа тој по само неколку натпревари да добие раскин на договорот. Од неколкуте понуди Лазаров ја избра онаа на Бешикташ, каде за соиграч ќе го има поранешниот колега од Вардар, Немања Прибак.
Филип Лазаров минатата сезона исто така ја мина во странство, со успех настапувајќи за романскиот прволигаш Темишвар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА