Филип Лазаров во Хернинг за поддршка на ракометарите (фото)

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Филип Лазаров пред дванаесет години беше меѓу ракометарите кои ги бранеа боите на Македонија на ЕП во Хернинг. Поранешниот капитен на Вардар во меѓувреме ја заврши играчката кариера и почна авантура како тренер во Германија, но Лазаров одвои дел од слободното време за да дојде во Данска и во живо да ги бодри нашите репрезентативци.

Тој пред натпреварот беше во друштво на „фалангата“ во фан-зоната, а од 18 часот од трибините ќе го следи дуелот со Португалците.

Се вчитува...