Филип Маџовски го засилува стручниот штаб на тренерот Горазд Михајлов и во иднина ќе биде нов тренер на голманите во првиот тим на ФК Вардар. Маџовски е поранешен голман, како на репрезентацијата на Македонија, така и на Вардар, за кого настапуваше во сезоната 2009/2010.
Покрај тоа, има настапувано и за неколку други клубови во македонската фудбалска лига, како што се Работнички и Милано Куманово, а исто така, зад себе има и интернационална кариера.
Функцијата тренер ја врши уште од 2019 година и зад себе има и богата интернационална кариера низ која досега бил дел од стручниот штаб на екипите: Емиратес, Хајџер, Хата и Најран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА