Македонија вечерва од 18 часот во Бари, во спортскиот комплекс „Палафлорио“, ја очекува осминафиналната пресметка на Европското првенство 2023 против најголемиот фаворит за освојување на европската круна, Италија.
„Спартанците“ и дефинитивно ги очекува вистински спектакл за паметење. Спортскиот центар Палафлорио е еден од најмаркантните во јужна Италија, со капацитет од 6.000 седишта кој дефинитивно ќе биде исполнет до последното место за осминафиналето против Македонија.
Но, сето тоа, како што вели Филип Маџунков, е дополнителен мотив за репрезентативците да го покажат најдоброто од себе.
„Ова е за нас прво осминафинале во историјата, а играме против актуелниот светски шампион. Сигурно ќе биде тежок натпревар за нас, но сигурно посакуваме и да извлечеме нешто позитивно од еден ваков дуел со борба до крај. Верувам дека македонската јавност, како и во Скопје, сега со поддршка од татковината, ќе биде и на овој меч со нас. А ние ќе се потрудиме да се оддолжиме со најдоброто од нас“ – вели Маџунков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА