Освојувачот на Купот на Македонија од минатата сезона Тиквеш продолжува со формирање на тимот кој ќе има тешка задача да обезбеди опстанок во пролетниот дел од сезоната.
Ново засилување за клубот од Кавадарци е хрватскиот интернационалец Филип Михалјевиќ. Хрватот минатата полусезона ја мина во Габела од Босна и Херцеговина, а во кариерата покрај во родната Хрватска има настапувано и за тимови од Република Ирска, Италија, Полска, Бугарија, Камбоџа…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА