Филип Михов е нов државен шампион во шах (ФОТО)

Филип Михов е освојувачот на шампионската титула во сениорска конкуренција на Отвореното првенство на Македонија во шах кој изминатата недела се одржа во Струга.

Дваесетиеден годишникот кој е шахист на Алкалоид се издвои на врвот на табелата освојувајќи седум бода во девет партии, при што во последните три партии освои цел поен против Андреј Вељановски и Горан Главинац, кои беа меѓу првите што се наметнаа на врвот на табелата, а во последното коло ремизираше со ИМ Никола Николовски.

Се вчитува...