Долгогодишниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски во наредниот период ќе ја има улогата на прв тренер на бундеслигашот Вецлар. Миркуловски од стартот на сезонава беше прв асистент на тренерот Бенџамин Мацке, кој денеска доби отказ од функцијата.
Вецлар катастрофално ја почна сезоната во Бундес-лигата и моментно се наоѓа на 15. место, а по последниот пораз од Хамбург од 28-30 беше донесена и одлуката за смена на Мацке.
Миркуловски ќе ја има улогата на привремен тренер заедно со спортскиот директор Јасмин Чамџиќ, а Македонецот би можел да остане и нешто подолго од прогнозите откако раководството најави дека нема да брза со потрагата по нов стратег.
„Ја почнавме потрагата по нов тренер. Едно е сигурно, нема да брзаме со изборот, добро ќе го проучиме пазарот пред да донесеме конечна одлука“, објави менаџинг-директорот на Вецлар, Бјорн Сеип.
Миркуловски е најавено дека ќе го води тимот на гостувањето против Хановер и Филип Кузмановски, а останува да се види дали Вецлар ќе именува нов тренер до првиот нареден домашен меч, што на 4 декември ќе го игра против Кил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА