Филип Најдовски нов фудбалер на Вардар, договор на четири години

И официјално, Филип Најдовски е нов фудбалер на Вардар. Дефанзивецот денеска стави потпис на договорот со „црвено-црните“ на четири години, со што Вардарци го почнуваат комплетирањето на тимот за следната сезона и успешен настап во прволигашката конкуренција.

Вардар денеска во 17 часот ќе почне со подготовките за новата сезона. Прозивката ќе ја свика сегашниот тренер Горазд Михајлов. Наскоро ќе треба да се направи списокот на играчи кои ќе останат, и кои ќе си заминат. Најавени се и 5-6 странски засилувања.

„Црвено-црните“ пред неколку дена добија нов спонзор, кој треба да биде промовиран во следните денови, за, конечно, Вардар да не се соочува повеќе со финансиски проблеми како што беше во изминатиот период.

Најдовски после четири години се врати во Вардар, откако беше дел од оваа екипа од 2018 до 2020 година.

Се вчитува...