Еден од најдобрите фудбалери на Вардар, Филип Најдовски успешно е опериран по повредата на коленото на десната нога поради која го пропушти есенскиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
„Филип Најдовски по успешната хируршка интервенција се чувствува одлично и ги поздравува сите навивачи на Вардар заблагодарувајќи се на поддршката. За процесот на опоравувањето и враќањето во тренажниот процес клубот навремено ќе информираме“ – информираат од Вардар.
Најдовск, како што е познато, се повреди на подготовките во Словенија уште во летниот подготвителен период. Тогаш прогнозите беа дека може да мине и без операција, но дополнително беше утврдено дека неизбежна е хируршка интервенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА