Актуелниот освојувач на ЕХФ купот Алкалоид денеска официјално го претстави своето ново засилување во името на Филип Николов.
Ракометарот кој последните сезони беше еден од носителите на играта во РК Бутел Скопје, се приклучи на „фармацевтите“ за да ја засили конкуренцијата на бековската линија во двата правци.
Николов, роден во Велес, во својата кариера настапуваше и за РК Радовиш и РК Охрид, а во Бутел се истакна како еден од најдобрите стрелци во Суперлигата (со преку 100 постигнати голови оваа сезона на 17 натпревари).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

