Скопски Бутел денеска објави „старо-ново“ засилување во своите редови за следната сезона. Станува збор за Филип Николов, кој по три години се враќа повторно во тимот на Бител. Ракометарот ќе ја засоли десната бековска позиција, па за истата ќе ја дели минутажата со Кристијан Давитковски.
По потписот со Бутел, Николов во изјава за медиумите упати благодарност до клубот за идната меѓусебна соработка.
„Благодарам на управата на Бутел Скопје за довербата која ми ја пружи како играч. Чест и задоволство е по три години да се вратам во тимот кој ми е добро познат, кој има голем проект и амбиции. Во овие три години собрав доста суперлигашко искуство и сметам дека можам да му помогнам на Бутел за повеќе победи и успеси. Со поголемиот дел од соиграчите имам соработувано и сметам дека лесно ќе се адаптирам во тимот. Настапите во Европа за мене како играч се многу важни исто како и настапите во Суперлигата и посакувам со Бутел Скопје да оствариме висок пласман во сите натпреварувања“, изјави Николов.
Николов потекннува од Велес, а покрај за Бутел настапуваше и за Радовиш и Охрид. Претходно тимот од Скопје се засили со Стефан Крстевски, а договорите ги продолжија Стефан Стојчевиќ и Владимир Јевтиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА