Десниот бек Филип Николов потпиша нов договор со Бутел Скопје. Тој ќе продолжи да го носи дресот на клубот од скопската населба и во наредните две сезони.
Еден од најдобрите стрелци во тимот на Горан Кузманоски ќе остане во Бутел Скопје најмалку до 2026 година. Инаку Бутел во моментов се наоѓа на седмата позиција во плеј-офот во Суперлигата откако на првите три натпревари доживеа три порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА