Филип Петрушев следната сезона дефинитивно нема да го носи дресот на Црвена звезда.
Како што дознаваат српските медиуми, и покрај силната понуда и тригодишниот договор, српскиот репрезентативец решил да ја одбие понудата од евролигашот од Белград.
Тој одлучи да ја продолжи кариерата во странство, надвор од Србија. Играчот како главна причина ги наведе „приватните причини“, но не ги објасни детално.
Се претпоставува дека брилијантниот центар има големи понуди од неколку евролигашки клубови, на чело со Хапоел, чиј тренер Димитрис Итудис го посакува Петрушев во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

