Филип Петрушев на крајот ќе остане во Олимпијакос

Денеска истекува рокот до кога Олимпијакос треба да одговори на понудата на Црвена звезда за Филип Петрушев. Според последните информации од Пиреја, грчкиот гигант е се поблиску до одлуката да го задржи српскиот репрезентативец.

Петрушев е играч на Олимпијакос кој поголемиот дел од минатата сезона ја мина на позајмица во Црвена звезда. Претседателот на клубот од „Мал калемегдан“, Жељко Дрчелиќ најави дека еден од главните приоритети е откупување на договорот на српскиот репрезентативец.

Сепак, според последните информации од Грција, се чини дека Олимпијакос е многу поблиску до одлуката да го задржи Петрушев.

Петрушев во оваа сезона во Евролигата беше еден од најдобрите играчи на Црвена звезда, со просек од 14,1 поен, 4,9 скока и 1,7 асистенции по натпревар.

Се вчитува...