Филип Поповски делегат во Конференциската лига, Пројковска и Трпчевски на семинар во Кипар

Најдобра македонска фудбалска судијка Ива Пројковска, како и новиот меѓународен судија од Македонија, Стојанче Трпчевски на покана на Судиската комисија на УЕФА престојуваа пет дена на Кипар на семинарот на кој учествуваа елитните судиии од Европа.

На семинарот, пред почетокот на новата сезона, судиите имаа проверка на физичките норми и низа други тестови за да можат успешно да ја делат правда на фудбалските терени на тешките натпревари што ги очекуваат годинава во европските купови и во репрезентативните настапи.

Пројковска доби покана од УЕФА на 19 февруари да патува за Италија, во Торино, каде ќе биде четврти судија на реванш мечот од Лигата на шампиони за жени мегу Јувентус и германскиот клуб Волфсбург. Првата средба заврши без победник 2-2. На овој меч главен судија ќе биде Фрида Кларфунд од Данска, ќе и помагааат Сидсел Расмунсон од Данска и Алиса  Левалаипи од Шведска. Пројковска за првпат ќе им помага на овие судијки.

На 19 февруари ќе биде ангажиран во делегатска улога и Филип Поповски на мечот од нокаут-фазата  во Конференциската лига меѓу  Дрита од Гњилане и словенечкиот клуб Целје што ќе се одигра во Приштина. Ова е прв меч меѓу двата клуба.

М.М.

Се вчитува...