Филип Поповски делегат во Тирана, Жарко Игњатовски директор во Загреб

Филип Поповски и Жарко Игњатовски, претставници на Фудбалската федерација на Македонија  во натпреварите во европските купови ќе бидат директно задолжени за регуларноста на двата меча кои ќе одлучуваат кој ќе игра во завршните борби од Д  групата во Конференциската лига на Европа.

Комисиите во УЕФА го одредија Филип Поповски да биде делегат во петтото коло на средбата меѓу првакот на Косово Балкани и шампионот на Чешка, Викторија Плзен што ќе се одигра на 30 ноември во Тирана,  Албанија наместо во Приштина. До оваа измена дојде откако УЕФА не дозволи да се игра во Приштина поради очајно лошиот терен на стадионот „Фадиљ Вокри“. Седум дена подоцна,  на 7 декември во последното коло од групата, Жарко Игњатовски ќе биде организационен директор на мечот во Загреб меѓу Динамо и Балкани.

Зошто одлучуваат за натамошниот престој на европската сцена овие два меча и во пролетната сезона. По 4 одиграни кола на табелата води Викторија Плзен со 12 бода,пред Астана од Казахстан и Балкани со 4, Динамо е последен со 3 бода. На 30 ноември Динамо и гостува на Астана и мора да победи за да има шанси за второто место, истото се однесува и за Балкани кој мора да освои три бода во мечот со Викторија Плзен за да ги задржи шансите на средбата со Динамо во Загреб. Тука во таа комбинација е и Астана, која само со три бода на средбата со Динамо на свој терен може да се надева на второто место во групата бидејќи во последното коло и гостува на Викторија Плзен. Во секој случај , доста е комплицирано во оваа група.

М.М

Се вчитува...