Филип Поповски директор на мечот Милан – Атлетико Мадрид

И на крајот на септември ќе има работа за претставниците на Фудбалската федерација на Македонија на меѓународна сцена. На 28 септември генералниот секретар на ФФМ Филип Поповски ќе биде организационен директор во групната фаза на Лига на шампионите во Милано на мечот меѓу Милан и Атлетико Мадрид. До крајот на групната фаза, се додека Милан ќе биде домаќин, Поповски ќе биде организационен директор на неговите натпревари.Два дена подоцна, на 30 септември, менаџерот, отсек фудбал во ФФМ, Жарко Игњатовски ќе биде исто така организационен директор во Украина, на средбата во групната фаза на Конференциската лига на Европа, меѓу домашната екипа Зорија од Луханск и Рома од Италија.

УЕФА не го заборави и единствениот контролор од Македонија на главната Меѓународна листа, пoранешниот наш најдобар судија Емил Божиновски. Тој штотуку се врати од Молдавија, каде беше контролор во Лигата на шампионите меѓу Шериф и Шахтјор од Доњецк, а веќе денес отпатува за Летонија каде во Рига од 23 до 29 септември ќе биде главен контролор на квалификационен турнир на играчи до 17 години за настап на Европското првенство. На турнирот ќе настапат репрезентациите на Летонија, Литванија, Чешка и Шведска.

Свое меѓународно деби како контролор на УЕФА, ќе има и еден од нашите најдобри судии, Димитар Мечкаровски, кој поради старосна граница, замина во судиска пензија. Тој на 28 септември ќе го контролира судењето на квалификационен меч на младинските екипи во Лигата на шампионите меѓу Шкендија и Хајдук од Сплит . Мечот ќе се игра во Скопје. /М.М/

Се вчитува...