Филип Поповски, директор на мечот Милан –Тотенхем

И на стартот на новата фудбалска сезона во Европа што е на прагот, УЕФА не ги заборава претставниците на Фудбалската федерација на Македонија. Генералниотг секретар  на ФФМ , Филип Поповски ќе биде директор на мечот од нокаут фазата во Лигата на европските шампиони меѓу  Милан и англискиот Тотенхем што ќе се одигра на 14 февруари на стадионот „Сан Сиро“ во Милано.

Задача од УЕФА доби и менаџерот за фудбал во ФФМ, Жарко Игњатовски. Тој ќе патува за Молдавија каде во Кишињев ќе биде организационен директор на мечот од нокаут фазата во Конференциската лига на Европа меѓу домашниот  Шериф и белградски Партизан­.Средбата се игра на 16 февруари. Комесар за безбедност на натпреварот од Конференциската лига меѓу Трабзонспор и Базел кој ќе се игра на 16. февруари ќе биде Роберт Марковиќ.

Да одбележиме  дека минатата недела на тридневниот семинар за елитните европски судии во женска конкуренција во Рим нашата најдобра судијка Ива Пројковска успешно ги положила сите тестови како и физичките норми. Во Рим на семинарот беше присутен и младиот судија од Струга, Јован Качевски кој за првпат годинава како интернационален судија ќе суди на меѓународната сцена. И тој со успех ги положил сите тестови и веќе на пролет ќе дебитирана еден од меѓународните мечеви.

Во Рим беше присутен и Сашо Даневски, кој е инаку Фитнес тренер на фудбалските судии во ФФМ и кој во Рим како претставник на УЕФА беше во комисијата кога полагаа тестови за физичките норми најдобрите помошни судии од елитната група во Европа.

М.М.

Се вчитува...