Филип Поповски ги пренесува своите впечатоци од У-21 Европското првенство: „Врвен, модерен фудбал…“

Во Словачка заврши  финалниот турнир на Европското превенство за фудбалери до 21 година на кој учествуваа 16 репрезентаци кои беа најуспешни во квалификациите. Репрезентацијата на Македонија не беше дел од овој собир, но Фудбалската федерација на Македонија сепак имаше свои претставници во Словачка. Тоа беа поранешниот генерален секретар, Филип Поповски, кој беше делегат на четири натпревари и Игор Стојчевски како четврти судија на три средби.

Филип Поповски беше делегат на два решавачки меча. На средбата Шпанија -Италија (1-0), кој одлучуваше за првото место во „А“  групата, и меѓу Англија – Шпанија (3-1), за пласман во полуфиналето. Преходно и на натпреварите Италија-Романија (1-0) на кој четврти судија беше Игор Стојчевски, и на Словачка-Шпанија (2-3).

„Во Словачка гледавме прекрасен фудбал, воопшто не се почувстува дека играа фудбалери до 21 година бидејќи меѓу учесниците имаше познати имиња, млади ѕвезди од најдобрите европски клубови“ – ги пренесува своите впечатоци Поповски по враќањето од Словачка, и дополнува:

„Англија заслужено ја освои титулата, нејзините фудбалери прикажаа модерен фудбал, со брзи акции и убави голови. Ме радува и овој податок.  Одиграни се по групи и завршни борби 19 натпревари, немаше ниту еден инцидент, нити приговор за слабо судење. Младите фудбалери демонстрираа врвен фер-плеј“.

Во финалето по голема борба и драма, дури по две продолженија Англија ја победи Германија со 3-2 и ја одбрани титулата освоена пред две години во Романија и Грузија. На патот до финалето Англија ги победи Шпанија со 3-1 во четвртфиналето, и во полуфиналето Холандија со 2-1, додека Германија беше поуспешна од Италија со 3-2 и Франција со 3-0.

М.М.

Се вчитува...