Поранешниот младински репрезентативец на Македонија Филип Стојановски, го напушти тимот на Скопје, откако екипата од Автокоманда не обезбеди опстанок во прволигашката конкуренција.
Стојановски мина две и пол години во тимот на „пиратите“, и сега е во потрага по нов ангажман, откако му истече договорот со екипата. Минатата сезона одигра само три натпревари поради тешката повреда на коленото од која се рехабилитираше.
Стојановски зад себе има големо искуство во македонското првенство, а има играно и во нашето соседство. Тој беше дел од Вардар, потоа замина во Љубанци, па во Аполонија од Албанија. Беше кратко дел и од Раднички Пирот, потоа и во Македонија ЃП, Шкупи, во 2020 година направи трансфер во Феризај, пред повторно да се врати во Македонија во Пелистер и потоа во Скопје.
Стојановски, кој игра на позицијата десен бек, има настапи за селекциите до 19, 20 и 21 година на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА