Филип Стојчевски си замина од Брегалница

Играчот од средниот ред Филип Стојчевски, си замина од Брегалница и сега е слободен агент во потрагата по нова средина. Стојчевски го напушта Штип после само една сезона мината во Брегалница.

Стојчевски во минатото беше дел од Силекс, Ренова, Работнички, Вардар, а потекнува од младинската школа на Металург. Има играно и во Груција, една полусезона во Диони Болниси.

Тој е поранешен младински репрезентативец на селекциите до 17 и до 19 години.

Се вчитува...