Филип Талески: Имаме квалитет, треба да го оправдаме на терен

Филип Талески заедно со Филип Миркуловски по завршувањето на обврските во Германија, од вчера ја докомплетираа македонската репрезентација во подготовките пред јануарското ЕП во Хрватска. Бекот на Рајн Некар Левен е предводник на новата генерација и оној бран на подмладување во македонскиот состав. Потенцирајќи дека не очекува тешко првенство, Талески посакува Македонија да го покаже вистинскиот квалитет, а младите да си го добијат свеото место и да дадат вистински придонес за успешен настап во Хрватска.

„Сега сме комплетни и работиме максимално, со полна пареа. Не очекува едно тешко првенство, ќе се бориме против „бронзената“ репрезентација од последното СП, со Црна Гора која има одличен состав и со Германија која е бранител на титулата. Имаме исклучително тешка група и треба да се оди чекор по чекор. Почнуваме со Словенија и тој натпревар ќе биде клучен за нас“ – истакнува Филип Талески.

rakometna rep. na makedonija -trenig (25)

Македонија има искуство и квалитет, селекторот Раул Гонзалес знае да ги „нареди коцките“, а ракометарите во позитивна атмосфера си го одработуваат својот дел од обврските.

Се надевам на убав резултат на ова Европско првенство. Имаме квалитет и тоа треба да го оправдаме на терен со максимална борбеност“ – вели младиот бек на македонската репрезентација.

filip taleski

Талески, Кузмановски, Велковски…годинава зад себе веќе имаат едно убаво искуство со освојувањето на шестото место на младинското СП во Алжир. Талески беше дел и од сениорската репрезентација на СП во Франција во јануари, но не ја доби вистинската шанса во системот на тогашниот селектор, Лино Червар и остана впечатокот дека потенцијалот на бекот на Рајн Некар Левен не беше искористен на најдобар начин.

Во репрезентацијата сега имаме убава комбинација на млади и на искусни ракометари и мислам дека со овој селектор ќе направиме убав резултат. Ние младите треба да учиме од постарите, но веќе треба да дадеме и свој придонес за тимот. Кога ќе добиеме шанса мора да дадеме максимум затоа што полека веќе влегуваме во ростерот на репрезентацијата меѓу важните играчи. Нашите врсници ворепрезентациите на Франција, Норвешка, Шведска, веќе се носители на играта. Дел од нас игравме на минатото СП, но немавме голема минутажа. Се надевам дека на ЕП во Хрватска ќе се покажеме во вистинско светло“ – со оптимизам додава 21-годишниот макеоднски репрезентативец.

Се вчитува...