Филип Талески ја доби довербата од тренерот Николај Јакобсен да биде во стартната постава на Рајн Некар Левен на гостувањето против Вардар во Скопје. Младиот македонски репрезентативец во дресот на Рајн Некар Левен, за прв пат во кариерата играше како гостин пред македонската публика и си заминува со пораз од Скопје.
“Вардар одигра многу добар натпревар и покажа дека е вистински европски шампион. Ние не одигравме најдобро во ситуации еден на еден и константно бркавме резултат. Имавме проблем и во нападот. Вардар знаеше како да игра во сите 60 минути. Мора да направиме добра анализа пред вториот натпребар во Манхајм. Мора да ги поправиме грешките и да одговориме со поинаков пристап во играта“ – истакна Филип Талески.
Во следното коло од групната фаза, на 26 ноември Рајн Некар Левен ќе му биде домаќин на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА