Македонија убедливо со 32-24 славеше против Романија во првиот натпревар од бараж пресметката за пласман на СП 2019 во Германија и во Данска. Па, се чини избраниците на Раул Гонзалес и тоа како се блиску до ново учество на Светско првенство.
Сепак, во таборот на македонската репрезентација постои сериозен реализам кога е во прашање играта на мечот со Романците. Филип Талевски, објективно осврнувајќи се на натпреварот, потенцира дека на реванш дуелот во секој случај играта ќе мора да биде корегирана…
„Од резултатот може да бидеме задоволни, но од играта не. Да бидеме реални, имавме проблеми во одбраната… Имавме пропусти во одбраната, но за среќа на голот го имавме Борко Ристовски кој бранеше фантастично и ни даде крилја. Ристовски е тој кој не водеше кон победата“ – вели Талевски и дополнува:
„Факт е дека имаме добар резултат, но не смее никако да се опуштиме за реваншот. Напротив, ќе треба да се подготвиме уште подобро. Ќе мораме да внимаваме затоа што Романија покажа дека воопшто не е наивна селекција. Сега сигурно и подлабоко ќе не анализираат, затоа мора максимална сериозност. И, никако не смее да се испушти оваа предност“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА