Германскиот шампион Рајн Некар Левен славеше победа во бундеслигашкиот дуел против Минден (26-20). Овој натпревар беше посебно значаен за 21-годишниот македонски репрезентативец Филип Талески, кој го одбележа својот прв настап и го постигна првиот гол за Рајн Некар Левен.
„Прв натпревар на домашен терен во САП Арена, за мене малку чудно и невообичаено. Имав некоја позитивна трема, но тоа е нормално за прв натпревар. Ова ми беше прв гол во Бундеслигата, верувам дека во иднина ќе има и многу повеќе. Убаво се чувствувам во тимот, убаво сум прифатен од сите. Мое е да работам и да ја оправдам, довербата“ – изјави Филип Талески за ЕКИПА, по неговото бундеслигашко деби.
Македонскиот бек на полусезоната направи бум-трансфер и се пресели од Металург во Рајн Некар Левен. Со актуелниот бундеслигашки првак, Талески потпиша тригодишен договор со важност до јуни 2021. Првично требаше да стартува од следната сезона кога му истекуваше договорот со Металург, но управата на Рајн Некар Левен плати обесштетување и го доведе македоснкиот атлент во своите редови уште во февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА