Филип Талески откако го заврши договорот со Вардар 1961 се одлучи да ја отвори душата иако во периодот на настапи во црвено-црниот дрес не сакаше да се појавува многу пред медиумите.
Сега, гостувајќи на подкастот „Вистина или не“ на Канал 77, Талевски отворено со директни прозивки кон неговиот долгогодишен соиграч од репрезентацијата Филип Кузмановски, но и кон селекторот на Македонија, Кирил Лазаров.
„Не разговарам со Филип Кузмановски“ – беше едно од прашањата на кое одговараше Талевски, притоа дополнувајќи:
„Тоа е заради некоја историја. Јас немам никаков проблем со никого и никогаш на никого не сакам лошо да му направам, но некои личности кога ќе направат лошо, само ги пречкртувам и се тргам од нив. Тој мене ми има направено лошо, а за да дознаете која е причината, треба да го прашате него“.
Одговори и на прашањето дали би го поздравил Кирил Лазаров ако го сретне на улица…
„Не“ – повторно рече Талевски и дополни: „Душата би ја дал да играм за Македонија, ама некој друг одлучува зошто не играм и зошто е тоа така“.
Филип Талески, меѓу другото, кажа дека не би играл за тимот на Е. Пелистер. Во моментов, по разделбата со Вардар, нема клуб, а има неколку понуди од клубови од Блискиот Исток.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

