Младинскиот репрезентативец Филип Трпчевски, има нов клуб во Шведска. Тој во следната сезона ќе игра за Уциктен, екипа која се натпреварува во втората по ранг шведска лига.
Трпчевски е испратен на позајмица од својот клуб Хакен, со цел да се стекне со поголема минутажа, после рехабилитацијата од повредата на коленото која го мачеше во текот на изминатата сезона.
Напаѓачот важи за еден од најталентираните на Хакен, играше со тимот и во квалификациите во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа минатата година, меѓутоа ја имаше таа несреќа да доживее повреда, поради која го пропушти последниот дел од сезоната.
Сезоната во Шведска почнува на 25. февруари, кога се играат натпреварите од Купот, а Уциктен имаат гостување кај Норчепинг.
Во овој клуб настапува и екс вардаровиот играч и поранешен македонски репрезентативец, Предраг Ранѓеловиќ кој долги години е во Шведска.
Трпчевски има 20 години, потекнува од фудбалската школа на Хакен, а по завршувањето на позајмицата ќе се врати во Хакен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

