Некогашниот младински репрезентативец Филип Трпчевски, после 10 години го напушти Хакен. Негов нов клуб ќе биде Браге, дел од втората лига на Шведска и потпиша перманентен договор.
21-годишниот Трпчевски дојде во Хакен како 11-годишник. Прво играше за сите младински категории на „жолто-црните“, а потоа стигна и до сениорскиот тим. Шест месеци мина како позајмен во Утсиктенс, а послените шест месеци ги мина и во Оргрите.
Тој заминува од Браге како слободен играч, со оглед дека му истече договорот со Хакен. Настапуваше за младинските селекции и за Шведска и за Македонија. За младата селекција одигра пет меча.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА