Филипче потврди: Публиката се враќа на спортските натпревари

Публиката дефинитивно се враќа на трибините од спортските арени за завршницата од оваа натпреварувачка сезона. Ова попладнево го потврди Министерот за Здравство, Венко Филипче, како дополнување на најавените препораки од Комисијата за Заразни болести, за организирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно присуство на 30 % од целосниот капацитет.

Филипче во обраќањето пред новинарите потврди дека оваа мерка ќе се однесува и за спортските настани во наредниот период.

„Донесена е одлука за отворање на фитнес центри и теретани. Исто така, дадена е и дозвола за одржување на еден дел од спортските натпревари со враќање на публиката и неофицијалните лица, што досега не беше дозволено“, изјави Венко Филипче.

Се вчитува...