Луис Филипе е чекор поблиску до трансфер во Барселона откако левиот бек на Атлетико Мадрид веќе ставил до знаење дека нема намера да потпише нов договор со овој клуб, туку летово како слободен играч ќе го напушти тимот на Диего Симеоне.
Борусија Дортмунд испрати богата понуда за да го привлече Бразилецот во Бундес-лигата, но „милионерите“ биле експресно одбиени од фудбалерот. Тој ставил до знаење дека планира да остане во „Ла Лига“, како најава дека трансферот во Барселона веќе му е договорен. Каталонците не кријат дека бараат искусен лев бек што би бил алтернатива за Жорди Алба на оваа позиција, Филипе одлично се вклопува во описот, а згора на тоа е достапен без никаква отштета, што го прави идеален трансфер.
Атлетико Мадрид веќе се помири со судбината околу заминувањето на стандардниот првотимец, па како замена од Порто ќе биде доведен Алекс Телес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА