Левиот бек на Атлетико Мадрид Филипе Луис вели дека неговиот тим се уште верувам дека може да обезбеди пласман во следната фаза во Лигата на шампиони. Во пресрет на неговото враќање на „Стемфорд бриџ“, каде играше една сезона (2014/2015) во дресот на Челси и при тоа ја освои Премиер – лигата, Луис е свесен дека гостувањето во Лондон ќе биде исклучително тежок предизвик за „јорганџиите“.
„Ќе биде многу тежок меч за нас, но ние веруваме дека можеме да обезбедиме позитивен резултат утре и воедно пласман во нокаут фазата. Најважно за нас е да не губиме надеж, главно оружје ќе ни биде тимскиот дух и желба за победа. Од сите нас зависи дали Атлетико ќе игра осминафинале, не можеме да се потпреме на еден или двајца играчи. Мора да бидеме поагресивни, не само на овој натпреавар, туку и на сите други кои се пред нас. За разлика од претходните мечеви кои ги одигравме, мора да покажеме поголема желба за победа, што порано да превземаме иницијатива за да не се доведуваме во проблематични ситуации по кои тешко се опоравуваме“, истакна Филипе Луис.
Атлетико во последното коло од групната фаза влегува како третопласирана екипа во групата Ц со шест бода, пред нив се Рома со осум и противникот на утрешната средба Челси, кои со 10 бода се лидери и при евентуално реми или триумф против избраниците на Симеоне со сигурност ќе бидат во првиот шешир при извлекувањето за осминавиналните двојки во ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА