Филипс не е дел од плановите на Пеп Гвардиола

Повремениот англиски репрезентативец Калвин Филипс не е дел од плановите на тренерот Пеп Гвардиола ниту за новата сезона па тој се очекува ова лето одново да ја промени средината, пренесуваат англиските медиуми.

Филипс го засили Манчестер Сити од Лидс во 2022 година за 49 милиони евра, но ја опрвда големата сума одвоена за неговите услуги. Вториот дел од претходната сезона го помина на позајмица во Вест Хем Јунајтед, но и таму не успеа да ја пронајде формата која го красеше во Лидс.

За услугите на 28-годишниот играч за врска заинтересирани се повеќе тимови од Премиерлигата, но и од Чемпионшипот каде се натпреваруваше во минатото забележувајќи вкупно 165 натпревари во регуларниот дел од сезоната.

Се вчитува...