Милан минимално со 1-0 славеше триумф над Лече. Иако имаше многу шанси, сепак, на крајот обезбеди триумф со само еден гол, дело на „џокерот“ Никлас Филкруг во 76. минута од мечот.
Шанса во првиот дел имаше Габија, а потоа на Леао му беше поништен гол поради офсајд. Неверојатно е она што го промаши Пулишиќ во 62. минута од средбата, односно Фалконе го одбрани невозможното.
Во 76. минута Салемакерс испрати центаршут каде што Филкруг со глава успеа да забие во мрежата на Лече и да го донесе својот тим до водство, и до триумф на овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

