Денеска се одбележуваат 60 години од раѓањето на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Дражен Петровиќ.
По тој повод, вечерва во неговиот роден град Шибеник ќе се одржи светската премиера на долгометражниот игран филм „Дражен“. Филмот се снимаше на автентични локации во Шибеник, Загреб и Њу Џерси.
„Името Дражен Петровиќ предизвикува восхит во цел свет, не само во кошарката, туку како синоним, како со голема работа може да се остварат сништата. Додека многумина го запознаваа низ неговите спортски успеси, ние на големото платно сакавме да ја прикажеме приказната за човекот – неговиот раст, односот со семејството и личностите од приватниот и професионалниот живот кои го поддржуваа кон врвот. Поради тоа, ова не е типичен спортски филм, туку ја нагласува животната приказна на Дражен“, порачаа продуцентите на филмот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА