Неверојатниот ден за хрватскиот тим на летните олимписки игри продолжува. По златото на браќата Синковиќ во веслање, Хрватите имаат осигурано златен и сребрен медал на тенискиот турнир во игра на двојки, откако по Марин Чилиќ и Иван Додиг, во финалето на турнирот се пласираа и Мате Павиќ и Никола Мектиќ.
Најдобриот дубл во светот во второто полуфинале со максимални 2-0 (6-4 и 6-4) го совладаа американскиот пар Крајчек и Сандгрен. Тоа значи дека Хрватска веќе има осигурано уште два медали на игрите, а утре двата пара само ќе одлучат кој ќе биде златен, а кој сребрен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

