Ливерпул забележа нова значајна победа во Премиер-лигата, славејќи на гостувањето против ВБА (0-1) за задржување на третото место на табелата. „Црвените“ стигнаа до цел плен благодарение на голот на Фирмино во самиот финиш од првото полувреме, со што Бразилецот повторно беше херој на тимот на Јирген Клоп, откако го постигна победничкиот гол и на минатонеделниот меч со Стоук.
Симон Мињоле имаше извонредна одбрана на десетина минути до крајот за да ја задржи предноста на Ливерпул, а во самиот финиш Алберто Морено промаши празен гол за 0-2 откако домашниот голман излета во противничкиот шеснаесетник во судиското продолжение.
Roberto Firmino Goal HD – West Bromwich Albion… by YNWAHD
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА