ФИНА ја регистрираше промената: Пливачка федерација на Северна Македонија е новото име во Светската организација

Новото име на Пливачката федерација на Македонија во ФИНА е Пливачка федерација на Северна Македонија. Ова се промените кои се направени за време на Управниот одбор на ФИНА, а по барање на претседателот Алекснадар Маленко, информираат од федерацијата.

„Информираме дека Одделението за правни работи на ФИНА, го извести претседателот на Пливачката федерација на Северна Македонија (ПФМ), Г-дин Александар Маленко, дека Управниот одбор на ФИНА на својата седница одржана на 10 Јули 2019 година го прифати и усвои барањето на ПФМ за промена на името, со кое новото официјално име на нашата пливачка федерација ќе биде: Пливачка федерација на Северна Македонија – скратено: ПФСМ. Претседател: Александар Маленко“ – стои во соопштението од ПФСМ.

Како што се вели во дописот на медиумите, оваа одлука на ФИНА е конечна.

Александар Маленко и натаму е во војна со структурите од македонското пливање кои неодамна објавија дека името на федерацијата е Национална пливачка федерација, а за претседател е избран Александар Филипчев. Маленко тврди дека ја има поддршката од ФИНА, објави и писмо од Светската пливачака федерација, а денеска информира и дека е направена промената на името на негово барање.

 

 

Се вчитува...