Финале е… На терен безмалку ништо, на трибини некои си најдоа „дупки“! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

По првото полувреме во финалето на Купот на Македонија меѓу Шкендија и Пелистер во Струмица без голови. По една добра шанса на двете страни, на Жуниор во 22. минута за Шкендија и на Боби Божиновски во 35. минута за Пелистер, и главно, ништо повеќе…

Во убава атмосфера на трибините, сепак стадионот „Младост“ во Струмица овозможува и секој да си се снајде како знае и умее да го следи финалето од најмасовното домашно клупско натпреварување, па добро „посетени“ се и околните недовршени градби во рамките на стадионот… Дополнителен простор за следење на дуелот овозможи и ветрот пред мечот, кој го турна централниот банер на стадионот па отвори уште малку простор за гледачи без билети да следат фудбал.

Во првото полувреме само мала бројка од навивачките групи „Балисти“ и „Чкембари“ влегоа на стадионот „Младост“, во очекување на нивно докомплетирање за вториот дел. Иако очигледно е дека Пелистер има далеку поголема поддршка од трибините… Пред крајот на првото полувреме во Струмица пристигнаа и навивачите на Шкендија, „Балистите“.

[new_royalslider id=”644″]

Се вчитува...