Силекс се брани со сите во својата половина и со пет во одбрана, а Македонија ЃП има јалова иницијатива. Вака може да се опише првиот дел во финалето на Купот денеска на Националната Арена „Тодор Проески“. Нема голови, со по две (полу)шанси на двете страни, и главно игра на средината на теренот.
Македонија ЃП го има поседот, но кога ќе стигне на 25-30 метри од голот на Силекс, агресија на кратовци и лесно одземени топки. Кратовци се бранат со петмина, со четворица во средина и со еден истурен играч во името на Каланоски.
Шансата на Македонија ЃП беше прекинот, па така уште во 2. минута се закани Воша, но одбрани Божиновски. Каланоски беше најопасниот во таборот на Силекс. Најпрво во 23. минута упати удар кој го одбрани Стевковски, а потоа во 42. минута и обид со глава кој оди над голот.
Силекс и со помалку играчи знае да се снаоѓа на половината на Македонија ЃП, па кога ќе тргне во напад знае да прави проблеми на одбраната на ѓорчепетровци, но без конкретна завршница. „Лавовите“ одиграа полувреме со многу грешки на средината на теренот, па по првиот дел мрежите мируваа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА