МЗТ Скопје и Карпош соколи одиграа финале за пример, со фер-борба на теренот, битка за секоја топка, без поплаки на судиските одлуки, придонесувајќи овој меч за титулата да наликува на вистински спортски празник.
Присутни беа и бројни кошаркарски имиња, од Владо Илиевски, пред Војдан и Дамјан Стојановски, до Александар Костоски, Марјан Србиновски… кои само со вклопија во декорот од СЦ „Јане Сандански“, која со околу 3.000 гледачи делуваше полупразна, но сепак се создаде атмосфера како на ниеден меч досега сезонава на МЗТ Скопје.
Сезоната во која нема премногу моменти за паметење, заврши со одлишна кошаркарска претстава… нека биде најава за многу подобра следна сезона.
[new_royalslider id=”654″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА