Ако ја победи Блокотехна во финалето на Купот (17.30 часот), Работнички ќе го потврди статусот најтрофеен тим во македонската кошарка затоа што покрај 15-те титули ќе има и 10 трофеи од Купот и ќе му побегне на МЗТ Скопје Аеродром со кого сега имаат по иденtични девет успеси во ова натпреварување. Работнички ќе бие првиот тим кој ќе има двоцифрен број пехари во двете категории.
Блокотехна од друга страна, со пласманот во финалето веќе направи историски чекор во клупската историја, успех во битката за титулата би било одлично достiгнување за екипата која ја предводи Марјан Илиевски.
Работнички пак покрај традицијата, на клупата го има и тренерскиот ветеран Марин Докузовски кој со ограничениот број играчи во поодмината возраст успеа да го помине амбицизониот градиски ривал МЗТ. Полуфиналниот дуел ги исцрпе играчите на шампионот кои дури по две продолженија го добија мечот. Блокотехна направи голем пресврт во финишот од пресметката со Гостивар и секако од аспект на свежина играчите на гевгелискиот тим се во подобра позиција во пресрет на финалето.
Докузовски и веднаш по полуфиналната победа призна дека ќе биде проблематично да ја крене екипата.
„По ваков натпревар, не само поради физичкиот напор, туку и поради емотивното празнење кое го носат дуелите со МЗТ ќе биде тешко да ги мотивирам играчите. Но, ќе мора да се кренат бидејќи финалето треба да биде празник“ – вели Докузовски
За Илиевски веќе и пласманот во финалето е голем дострел, но никако не отфрла беспоштедна битка за прв домашен трофеј.
„За Блокотехна ова е важен чекор, затоа што напревуаме како и во БИБЛ лигата, чекор понапред сме од лани, сега сме финалисти. Ќе ни биде тешко во финалето, но ние во многу ситуации сме велеле нема да може па сме правеле подвизи“ – порача Илиевски.
Денот за куп – трофеи во Гевгелија го отвораат девојките (14.30 часот). Во реприза на ланското финале се среќаваат Бадел и Вардар. „Црвено-црните“ го бранат пехарот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА