Англија уште еднаш покажува дека има млади фудбалери за восхит откако по европската титула за играчи до 19 години „гордиот албион“ сега се закити и со титулата светски шампион за фудбалери до 17 години, на мундијалот што се одржуваше во Индија.
Финалето ќе биде меч за кој долго ќе се говори, Шпанија одлично отвори и имаше предност од 2-0, за Англичаните потоа да заиграат фуриозно, на полувреме да се замине со 2-1, а на крајот „гордиот албион“ да триумфира со убедливи 5-2.
Бразил се закити со бронзениот медал откако „кариоките“ во малото финале славеа над Мали со 2-0.
Членот на младинскиот тим на Ливерпул, Рајан Брустер, е добитник на „златната копачка“ за најдобар стрелец, додека за најдобар голман на шампионатот е избран Бразилецот Бразао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА