Веста за смртта на Синиша Михајловиќ го шокираше, но и го обедини фудбалскиот свет, илијадници пораки беа напишани во чест на српската фудбалска легенда.
Поради тоа, финалето и натпреварот за третото место на Мундијалот во Катар ќе тргнат со минута молк во чест на популарниот Миха. Прво, денеска на „Калифа Интернешнл“ малото финале меѓу Хрватска и Мароко ќе започне со оддавање почит за српскиот тренер, а потоа и на утрешниот финален меч ќе се случи истото.
Легендарниот Михајловиќ по тригодишна борба со леукемија, синоќа на 53-годишна возраст ја загуби битката со тешката болест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА