Финалето на ЕП на Вембли ќе се игра пред 60.000 публика

Финалето на Европското првенство во фудбал ќе го гледаат 60.000 навивачи, пренесуваат британските медиуми. Натпреварот кој ќе се игра на Вембли ќе биде првиот со толку голем број на публика во Англија по почнувањето на пандемијата од коронавирусот.

Сепак, навивачите од другите земји најверојатно нема да добијат можност за влез во Англија, што ќе биде голема предност за оваа земја доколку се пласира во финалето. Од УЕФА се уште размислуваат и за можност за преселба на финалето, доколку Англичаните останат на ставот дека нема да пуштаат странски државјани во земјата.

Нешто слично беше направено и во финалето од Лигата на шампионите кога мечот од Истанбул беше преселен во Порто.

Се вчитува...