Финалето на Купот на Македонија ќе се игра на ФФМ

Финалето на овогодинешното издание на Купот на Македонија во кое актуелниот шампион Македонија Ѓорче Петров ќе игра против Струга Трим и Лум е закажано за 20. мај, а ќе се игра на тренинг комплексот на Фудбалската федерација на Македонија.

Потсетуваме, првично финалето од изданието 2022/23 требаше да се одигра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, но потоа беше одлучено истото да се одигра на стадионот „Петар Милошевски“ со почеток во 17 часот.

Македонија Ѓорче Петров на овој меч ќе има шанса да стигне до втората титула во низа во Купот на Македонија, додека Струга Трим и Лум на одличен начин да ја заврши сезоната во која за првпат се радуваше на трофејот во ПМФЛ.

Се вчитува...