Реприза. Истите две екипи финалисти, истиот град, истиот стадион. Финалето на фудбалскиот Куп на Македонија ќе се одигра на 23 мај во 20 часот на стадионот „Младост“ во Струмица.
Минатата сезона, Пелистер по подобро изведување пенали успеа да слави против Шкендија и го освои куп-пехарот, а ќе го брани и оваа сезона, против истиот ривал.
Одреден е термин и за одложениот натпревар меѓу Шкупи и Пелистер од 26.коло, кога битолскиот тим се пожали дека поголемиот дел од фудбалерите добиле труење со храна. Овој меч ќе се одигра на 9.мај, на стадионот Чаир во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА