На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука финалето од Купот на Македонија во сениорска конкуренција меѓу Академија Пандев и Силекс да се одигра на 19. мај на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Донесена е одлука и финалните натправари од Купот на Македонија во младински конкуренции да се одиграат на 25. и 27. мај на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за започнување на активности за промена на вештачката трева на помошниот терен на стадионот во Ѓорче Петров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА