Македонија Ѓорче Петров и Струга Трим Љум битката за титула во финалето од Купот на Македонија ќе ја водат во Струмица, потврди фудбалската федерација на Македонија со што на стадионот „Младост“ по пет години повторно ќе се одлучува шампионот.
Во дуелот на истокот на Македонија скопските „лавови“ ќе го бранат трофејот освоен против Силекс претходната сезона во главниот град по изведување на пенали.
Покрај тоа на денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беше донесена одлука Редовното Генерално Собрание на ФФМ да се одржи на 27. мај во Скопје со почеток во 11:00 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА